Паѓаат цените на нафтата на светските берзи, Брент е 89 долари за барел

Сподели со своите пријатели

Цените на суровата нафта продолжија да паѓаат откако САД воведоа дополнителни санкции врз Иран, со цел економска изолација на земјата.

Американската сурова нафта WTI сега чини околу 84 долари за барел, додека суровата нафта од Северното Море од Брент чини околу 89 долари за барел, објави „Трејдинг економикс“.

Цената на природниот гас е исто така намалена и сега изнесува околу 3,24 долари за kWh, како и цените на златото и среброто кои сега се околу 4639 долари и околу 68 долари за унца.

САД во понеделник објавија дека ги прошируваат секундарните санкции врз Иран, кои се однесуваат на компании и земји ширум светот кои одржуваат деловни врски со Иран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мерц: Германија наскоро ќе објави кој стои зад обидот за напад со дрон врз аеродромот