Димитриевски: Будно ја следиме состојбата со западнонилската треска (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Додека бројот на случаи на западнонилска треска во Македонија се искачи на 44, од кои 43 пациенти се хоспитализирани, а пет лица починаа, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вели дека општинските служби будно ја следат состојбата и редовно спроведуваат мерки за контрола на комарците.

Во Куманово нема регистрирани случаи, а Димитриевски посочи дека Општина Куманово постапува според укажувањата на надлежните здравствени институции, а доколку се процени дека е потребна дополнителна интервенција, таа ќе биде спроведена.

– Нашите надлежни служби будно го следат овој проблем и ние секогаш постапуваме според укажувањата на Центарот за јавно здравје во Куманово. Претпоставувам дека немаме случаи поради тоа што во Куманово редовно се одвива и врши овој процес и покрај авионско, претежно значи запрашуваме од земја и редовно го спроведуваме тоа. Доколку надлежните проценат дека е потребно дополнително да се интервенира ние интервенираме, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ново поскапување на горивата. Дизелот надмина стотка!

 

 

Тој додава дека Општината реагира и по пријави од граѓани, особено во делови каде што е забележано зголемено присуство на комарци.

– Доколку имаме поплаки од одредени делови на градот како што последниот пат беше во населба Зерен Рид веднаш реагираме. Како општина си имаме изберено оператор, уредно го извршуваме тоа, посочи градоначалникот.

На национално ниво, состојбата со западнонилската треска останува сериозна.

Министерот за здравство Сашо Клековски вчера информираше дека се потврдени вкупно 44 случаи, при што поголемиот дел од пациентите имаат невроинвазивна форма на болеста.

Од почетокот на епидемијата 21 пациент бил отпуштен од болница, уште четворица биле отпуштени во текот на вчерашниот ден, а петмина починале.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник нападнат во Куманово

Епидемија на западнонилска треска претходно беше прогласена во пет скопски општини – Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, по зголемувањето на бројот на потврдени случаи.

Во меѓувреме, вирусот се следи и во поширокиот регион. Најновите информации објавени денеска укажуваат дека Албанија го потврди првиот случај на западнонилска треска годинава во Корчанскиот округ, додека во Хрватска се регистрирани три случаи во текот на јули и август.

Во услови на зголемена активност на комарците во овој период од годината, надлежните институции продолжуваат со превентивни мерки и следење на состојбата, а од граѓаните се бара да внимаваат на симптоми како висока температура, вкочанет врат, дезориентација, слабост или грчеви.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четворица повредени при судир на трактор и „голф“ во липковско

Никола Ивановски