Автобус што превезувал германски ученици се преврте во Холандија: Најмалку девет повредени се во болница

Сподели со своите пријатели

На патот А28 во близина на Везеп, автобус излетал од автопатот откако се судрил со комбе за достава, објавува холандскиот НОС.

Според локалните власти, автобусот удрил во комбето за достава одзади, поради што скршнало од патот и завршило настрана од другата страна на патот.

Во автобусот имало повеќе од 50 патници

Во автобусот имало повеќе од педесет лица, претежно студенти од Германија.

Осум лица се однесени во болница со повреди, вклучувајќи го и возачот на комбето за достава.

Некои од нив се во тешка состојба, известува полицијата.

Покрај повредените кои биле префрлени во болница, голем број други патници со полесни повреди биле прегледани на местото на судирот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Штрајк на контролорите на летање ја парализираше Норвешка, главниот аеродром затворен

Според портпаролот на полицијата, повредени се тинејџери.

Фотографиите објавени во холандските медиуми покажуваат дека пожарникарите ги извлекле низ покривот на автобусот.

Повредените, како што е наведено, претежно добиле посекотини од стаклото.

Автопатот А28 беше затворен во двата правци по несреќата.