Украински дронови го погодија магацинот на рускиот онлајн трговец Озон

Сподели со своите пријатели

Украина го погоди магацинот на руската компанија Озон, која се занимава со трговија преку интернет, со дронови, јавува агенцијата Ројтерс.

Гувернерот на рускиот Самарски регион, Вјачеслав Федоришчев, денес објави дека украинските дронови во ноќен напад погодиле магацин во сопственост на компанијата Озон, голем руски онлајн трговец на мало, како и индустриски објект.

Во објава на социјалната мрежа Телеграм, Федоришчев рече дека неколку лица се ранети за време на нападот.

Тој не прецизираше кој индустриски објект е погоден.

Ројтерс наведува дека во регионот каде што се случил нападот има неколку рафинерии за нафта кои постојано биле цел на украински напади.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина воведе санкции против авторот на цртаниот филм „Маша и мечката“

Озон, вториот по големина онлајн трговец на мало во Русија, соопшти дека работењето во неговиот логистички центар во Самарски регион е суспендирано.

Ова е првиот напад досега врз Озон, по неколку недели напади насочени кон неговиот поголем конкурент Вајлдбери, извршени од Украина како дел од поширока кампања против економската инфраструктура што ја користи Русија за финансирање на војната.