Украински дрон погоди автобус во руско село

Сподели со своите пријатели

Во напад на украински дрон врз патнички автобус во селото Дубовое во Белгородската област, повредени се тројца цивили, соопшти денес Регионалната оперативна група на платформата Макс.

„Во Белгородската област, во селото Дубовое, дрон на украинските вооружени сили нападна патнички автобус. Повредени се тројца цивили“, се вели во соопштението, пренесува ТАСС.

Според тимот за итни интервенции, амбулантно возило превезе маж и жена во болница со рани на подлактицата, раката и ногата.

Третата жртва, чие лице беше повредено од шрапнел, беше префрлена во регионална болница.

„На повредените им се пружа целата потребна медицинска помош. Оштетени се возилото и прозорците на комплексот на автобуската станица“, се вели во соопштението, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири лица убиени во напад врз Николаевск