Кумановец тешко повреден откако паднал од куќа

Сподели со своите пријатели

Кумановец со тешки телесни повреди бил пренесен вчера во кумановската болница, откако паднал од куќа.

– На 20.08.2026 во 12:26 часот во СВР Куманово медицинска сестра од Општа болница Куманово пријавила дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Љ.С. од село Лопате, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од куќа.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Пожарникарите помагаат во Липково, но не го оставаме Куманово без резервни тимови (ВИДЕО)