На градскиот плоштад во Куманово вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи 22то издание на Меѓународниот тамбурашки фестивал.
– Први настапуваат и го отвораат фестивалот групата Табиет од Свети Николе, наши драги колеги и наши познати локални пејачи кои работеле и се уште работат со групата Табиет. Ќе настапи Виктор Димитриевски, што победи на „Никогаш не е доцна“, Боби Амадеус, Наум Петрески и јас мојата маленкост, изјави Нино Величковски, организатор на фестивалот.
На фестивалот ќе настапи и групата „Пљевља“ од Црна Гора заедно со солистката Нина Стругар, како и новосадскиот бенд „Ла Банда“.
Следните два вечери, петок и сабота, ќе бидат резервирани за традиционалниот „Рома Труба Фест“.
Никола Ивановски

