Алек Петкоски е ново засилување на МКК Куманово

Сподели со своите пријатели

Алек Петкоски е новото засилување на МКК Куманово, откако клубот потврди дека 21-годишниот бек од денес е дел од тимот.

Петкоски е роден на 16 октомври 2004 година, висок е 190 сантиметри и настапува на бековската позиција.

Во досегашната кариера има настапувано за КК Маџари во Првата лига и Суперлигата на Македонија, а претходно бил дел и од екипите на ТФТ и Феникс 2010.

Новиот член на МКК Куманово има и искуство со младинските репрезентации на Македонија.

Од клубот му посакаа добредојде на Петкоски во „семејството на МКК Куманово“ и успех во продолжението на кариерата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Познато кои музички имиња ќе настапат вечерва на концертот во Куманово!

Претходно клубот се засили со Бобан Стајиќ и Бојан Крстевски, додека Андреја Стевановиќ го продолжи својот договор.

На тренерската позиција и сезонава останува Марин Докузовски.

Никола Ивановски