Опаѓа бројот на нови компании во ЕУ, зголемен број стечаи

Сподели со своите пријатели

Бројот на регистрации на нови компании во Европската унија во вториот квартал е намален за 0,5 отсто во однос на претходните три месеци, додека бројот на стечаи е зголемен за 5,7 отсто, објави денеска Евростат.

Регистрациите на нови компании се намалени во пет од осумте набљудувани сектори. Најголем пад има во индустријата каде што бројот на нови регистрации е намален за 3,6 отсто.

По нив следуваат угостителството и туризмот со пад од 3,4 отсто и образованието и општествените дејности, каде што бројот на пријавувања е намален за 3,2 отсто.

Од друга страна, секторот за информации и комуникации оствари силен пораст на новите регистрации од 8,8 отсто, додека градежништвото бележи пораст од еден процент.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трагедија на автопат во Италија: Родители возеле 100 км, не знаеле дека нивниот син починал во возилото

Во финансиските услуги, бројот на регистрации остана на исто ниво.

Најмногу пораснаа стечаите во образованието

Зголемен е бројот на стечаи во пет од осум сектори, а најголем раст од 21,1 отсто е забележан во образованието и социјалните дејности. Потоа следуваа транспортните дејности кај кои бројот на стечаи е зголемен за 11,4 отсто и финансиските услуги со раст од 6,8 отсто.

Истовремено, намален е бројот на стечаи во туризмот и угостителството за 2,6 отсто, во градежништвото за 1,7 отсто, а во трговијата за 1,2 отсто.

Податоците на Евростат се однесуваат на вториот квартал од 2026 година и се споредуваат со претходниот квартал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претседателот на Сеута ѝ постави ултиматум до Владата на Шпанија: Имате 30 дена да ја решите кризата!