Алексеј Стојановски шампион, Марин Стефановски финалист на Државното првенство до 16 години

Сподели со своите пријатели

Алексеј Стојановски е шампион, а Марин Стефановски финалист на Отвореното првенство на Македонија до 16 години – јуниори, со што двајцата млади кумановски тенисери остварија одличен резултат на турнирот што од 14 до 17 август се одржува во Скопје.

Во финалето се сретнаа токму Стојановски и Стефановски, двајцата членови на ТК „Тумба“ од Куманово, а шампионската титула ја освои Стојановски.

Стојановски во финалниот меч славеше против својот клупски колега со 6-2, 6-3 и со тоа го освои првото место во категоријата до 16 години.

Стефановски, пак, со пласманот во финалето обезбеди одличен резултат и второ место на првенството.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово се одржа првото национално првенство во падел (ФОТО)

Двајцата кумановски тенисери со настапот во финалето покажаа одлична форма и се наметнаа меѓу најдобрите млади тенисери во Македонија во оваа возрасна категорија.

Турнирот се одржува во Скопје во организација на ТК „Поинтер“ од Скопје.

Никола Ивановски