Во Куманово се одржа првото национално првенство во падел (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Куманово викендов се одиграа финалните натпревари во падел во организација на Падел федерацијата на Македонија, кои се одржаа во спортскиот центар „ММ Спорт“.

Паделот, кој важи за еден од најбрзо растечките спортови во светот, претставува комбинација од тенис и сквош.

 

 

Спортската манифестација во Куманово има историско значење за македонскиот падел, бидејќи по резултатите од натпреварите ќе биде формирана првата официјална национална ранг-листа.

Таа ќе претставува основа и за меѓународното рангирање на македонските играчи.

 

 

Паделот веќе се организира на европско и светско ниво, а во меѓународните спортски кругови активно се работи и на негово вклучување во програмата на Олимписките игри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривична за двајца тинејџери кои испишаа „УЧК“ врз седиштето на „Српски вез“

Најуспешните натпреварувачи беа наградени со медали и пехари.

 

 

Наградите и признанијата ги доделија претставникот на Општина Куманово, раководителот на Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Дејан Стојановски, заедно со најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа.

 

 

Главен судија и делегат на првенството беше Зоран Поповски, меѓународен тениски судија, кој е прогласен за најдобар линиски судија во светот.

 

 

Со неговото учество на натпреварите беше обезбедено врвно и професионално судење.

 

 

 

 

 

Никола Ивановски