Викенд прогноза за Куманово: Температурите остануваат над 30 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 31 степен целзиусов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СВР Куманово со апел до граѓаните: Внимателно при купување огревни дрва, не давајте пари однапред

 

 

Утре во кумановско ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерено засилен ветер од источен и југоисточен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 12 степени, а дневниот максимум ќе достигне 32 степени целзиусови.

 

 

И во недела ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 13 до максимални 34 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе се задржи и во претстојната работна недела.

Никола Ивановски