Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град.
Температурата ќе опадне за неколку степени.
Во Куманово и околината утре ќе имаме сончево и топло време. Со слаб до умерено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 16, а максималната дневна до 33 степени целзиусови.
Во петок во кумановско ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерено засилен северен и северозападен ветер.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а максумумот ќе достигне 31 степен целзиусов.
Никола Ивановски

