Куманово со 17 млади спортисти на меѓународните младински игри во Сплит

Сподели со своите пријатели

Седумнаесет млади кумановски спортисти кои постигнаа најдобри резултати на државно ниво на спортските игри за млади „Плазма“ обезбедија пласман на меѓународните натпревари, каде што ќе го претставуваат Куманово и Македонија.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска ги прими младите талентирани спортисти, заедно со нивните наставници и тренери, во присуство на претставници од општинската администрација.

 

 

На средбата, Димитриевски им посака успех на претстојните натпревари.

Кумановските основци се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини на спортските игри за млади „Плазма“, турнир кој за првпат се организира во нашата земја и кој важи за најголема аматерска спортска манифестација во Европа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Постапката за задолжување е целосно законска

Младите спортисти од Куманово забележаа успеси во мал фудбал, баскет 3х3 и атлетски дисциплини, со што се изборија за учество на интернационално ниво.

 

 

Победниците ќе настапат на младинските спортски игри во Сплит, каде што ќе се натпреваруваат со млади спортисти од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

Спортските игри за млади „Плазма“ се организираат од Федерацијата на училишен спорт на Македонија, со поддршка од Владата и Министерството за спорт на Република Северна Македонија.

Никола Ивановски