„БМВ“ оштетено од заталкан куршум во липковско

Сподели со своите пријатели

Автомобил паркиран во дворно место во липковско Матејче бил оштетен од зрно од огнено оружје.

– На 06.08.2026 во 21:50 часот во Полициското одделение Матејче, Н.А.(42) од село Опае, општина Липково, пријавил дека неговото патничко моторно возило „бмв“, кое било паркирано во неговото дворно место, било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Башкими претстави десет нови засилувања пред стартот на сезоната