Почнува 52. Ликовна колонија „Куманово 2026“, учествуваат 13 уметници од пет земји

Сподели со своите пријатели

Со учество на 13 ликовни уметници од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија и Романија, од 6 до 11 август ќе се одржи 52. издание на Ликовната колонија „Куманово 2026“.

Колонијата ќе се реализира во Комплексот етно-село Тимчевски, каде уметниците ќе творат дела на слободна тематика. Делата создадени за време на колонијата ќе бидат изложени пред јавноста на 10 август со почеток во 20 часот.

Годинава учесници се Александар Џинго, Ферди Булут, Ања Стојадиновска, Ивана Ожетски, Новак Новаковиќ, Бисер Кирилов, Теодора Ракиџиќ, Софија Ракиџиќ, Снежана Мелник, Костин Братеану, Зоита Делиа Калинеску, Емилија Јанциќ и Страхил Петровски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  54-годишен Швајцарец се обидел да внесе марихуана преку Табановце

 

 

Покрај творечкиот процес, во текот на престојот во Куманово, уметниците ќе ги посетат и културно-историските знаменитости во градот и неговата околина.

Ликовната колонија „Куманово“ е една од најстарите ликовни манифестации во државата. Првото издание е одржано во 1974 година во конаците на манастирот „Св. Прохор Пчињски“, а и покрај промените на локацијата низ годините, манифестацијата го задржала својот континуитет.

Денес, благодарение на повеќедецениската традиција, НУ Музеј-Куманово располага со фонд од повеќе од 700 слики и скулптури создадени во рамките на колонијата.

Ликовната колонија „Куманово 2026“ се реализира во организација на НУ Музеј-Куманово, под покровителство на Министерството за култура и туризам и градоначалникот и Советот на Општина Куманово, во соработка со Фондацијата за култура и спорт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  54-годишен Швајцарец се обидел да внесе марихуана преку Табановце

Никола Ивановски