Поради рекордно нискиот водостој, товарниот сообраќај на австрискиот дел од Дунав е речиси целосно прекинат

Сподели со своите пријатели

Речниот товарен сообраќај на австрискиот дел од Дунав е речиси целосно прекинат поради екстремно ниското ниво на водата на таа река, објави во вторник австриското Министерство за иновации, мобилност и инфраструктура.

„Товарниот превоз практично е запрен, додека сообраќајот на речните крстосувачи е исто така значително ограничен“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството.

Министерството предупреди дека нивото на водата во деловите од Дунав без хидротехнички објекти е околу 60 сантиметри, што е под долгорочниот просек во периоди на низок водостој, во долината Вахау во Долна Австрија, водениот пат моментално е длабок околу два метра, додека источно од Виена длабочината на водениот пат е околу 1,8 метри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес од 6,3 степени ги погоди Филипините

Тековниот период на низок водостој на Дунав е споредлив со претходните најзначајни години на низок водостој, 2003 и 2018 година, што беше последната година со толку рекордно низок водостој.

Обемот на транспорт на австрискиот Дунав се намали за 25,1 процент, од 9,6 милиони тони на 7,2 милиони тони, а оваа година се очекува понатамошно намалување на обемот на транспорт поради ниското ниво на водата.

„Иако нема официјални затворања, оптоварувањето на водниот пат од страна на товарните бродови треба значително да се намали, а префрлањето на железнички или патен транспорт би било поекономично во овој момент“, се вели во соопштението на австриското Министерство за иновации, мобилност и инфраструктура.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сестрата на Ким Џонг Ун силно ѝ се закани на Јапонија: Ќе ги натераме да се покаат