Снег го парализираше Нов Зеланд: Затворени патишта и училишта (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Делови од јужниот остров на Нов Зеланд денеска беа погодени од моќен поларен бран кој донесе снег на нивото на морето и многу ниски температури, предизвикувајќи затворање на патиштата, одредени прекини во сообраќајот и прекин на училиштата.

Снегот го прекри Данедин, вториот по големина град на Јужниот Остров, а полицијата ги повика жителите да избегнуваат патувања, освен во итни случаи поради замрзнатите услови.

Пријавени се повеќе сообраќајни несреќи, но засега нема повредени.

Како што јави Ројтерс, снег падна и на плажата Њу Брајтон во градот Крајстчерч, додека скијачите и сноубордерите ги искористија необичните временски услови за да се симнат од улицата Болдвин во Данедин, улица која се смета за најстрмната станбена улица во светот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожарите во Франција открија засолниште со муниција од Втората светска војна (ВИДЕО)

Снегот на ниво на морето е ретка појава во Данедин, иако во ридските делови од градот повремено има врнежи од снег за време на силни студени фронтови.

Сите автобуски линии во Данедин беа прекинати поради невремето, додека траектите меѓу северните и јужните острови во Нов Зеланд беа привремено прекинати поради силните ветрови и високите бранови.

Метеоролошката канцеларија на Нов Зеланд соопшти дека студениот бран се очекува да трае уште два дена, со можност за снег и лапавица во близина на нивото на морето во источните делови на Јужниот остров.

Во многу делови од земјата во четврток наутро може да се забележат најниски температури во годината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Данска го продолжи воениот рок на 11 месеци поради безбедносни предизвици