Дваесет и осумгодишна кумановка вчера пријавила дека била физички нападната поради недоразбирање за паркирање на возило.
– На 31.07.2026 во 17:30 часот во ПС Куманово, А.М. (28) од Куманово пријави дека околу 14:00 часот на паркинг простор на ул. „11 Ноември“ во Куманово, како и во угостителски објект на истата улица, по претходно недоразбирање за паркирање на возило, била физички нападната од неколку лица, а било оштетено и нејзиното возило „ауди“, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

