Седумдесет и четиригодишник од Куманово ноќва пријавил во полиција дека неговиот син бил агресивен и му упатувал закани.
– На 01.08.2026 во 00:20 часот во СВР Куманово 74-годишен маж од Куманово пријави дека, претходниот ден во семејната куќа во Куманово, неговиот син Б.Н. се однесувал агресивно и упатувал закани кон него и неговата сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

