Шпанското Министерство за внатрешни работи во петокот објави дека, според нивните проценки, околу 49.000 мигранти ја преминале границата во енклавата Сеута во Северна Африка во последните 24 часа!
Повеќето од нив дошле по море, т.е. пливале од Мароко до Шпанија. Други ја прескокнале оградата во Сеута, една од двете шпански енклави во Северна Африка со население од околу 83.000.
Според најновите информации, најмалку 19 лица загинале обидувајќи се да ја преминат границата, објави шпанскиот весник Паис, повикувајќи се на полициски извори.
Поради ситуацијата, шпанската влада мобилизираше воени единици во четвртокот навечер за да ја поддржи преоптоварената Цивилна гарда.
Жртвите се удавија обидувајќи се да стигнат до брегот на Сеута за време на врвот на таканаречениот миграциски притисок во близина на јужниот граничен бранобран кај Тарахала, кој го одделува шпанскиот град Сеута од Мароко.
Во меѓувреме, националната и локалната полиција се распоредени на различни места во и околу центарот на Сеута за да се спречат грабежи или немири поврзани со масовниот прилив на луѓе од Мароко.
Властите објавија дека е важно да се земе предвид дека повеќето од овие луѓе влегле во земјата облечени само во костими за капење и немаат ниту храна ниту пари да купат нешто.
Шпанскиот премиер Педро Санчез денес ќе отпатува во енклавата, придружуван од министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка.
Брисел изрази подготвеност на Европската Унија да ја зголеми својата поддршка за Шпанија, вклучително и вклучувањето на Фронтекс.

