Унгарија прогласи вонредна состојба поради сериоз недостиг на вода

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот министер за заштита на животната средина Ласло Гајдош денес изјави дека владата прогласила вонредна состојба поради сериозен недостиг на вода предизвикан од сушата.

Во објава на Фејсбук, Гајдош изјави дека индексот на суша во 66 од вкупно 84 унгарски области за управување со водите ги надминал праговите дефинирани со прописите, поради што се воведени итни мерки, објави МТИ.

Според него, експертите од Дирекцијата за управување со водите ќе спроведат посебни мерки за заштита и управување со водните ресурси во 74 проценти од земјата со цел да се ублажат последиците од сушата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стотици бракови склучени во Јапонија благодарение на вештачката интелигенција