Земјотрес ја стресе Албанија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на територијата на Албанија, а тресењето на земјата е почувствувано во неколку градови.

Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил во 7:52 часот наутро.

Епицентарот бил на околу 45 километри од Тирана, на длабочина од приближно десет километри.

Албанците опишале на платформата EMSC дека тресењето било кратко, но доволно силно.

Едно лице изјавило дека земјотресот бил добро почувствуван во Елбасан, а корисник од Вакар напишал дека траел кратко.

Нема информации за повредени или материјална штета.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 13 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,1 степени во Јапонија (ВИДЕО)