Младиот фудбалер Леарт Алија од ФК Куманова Милано на пробен период во Австрија

Сподели со своите пријатели

Младиот фудбалски талент Леарт Алија, член на генерацијата 2012 на ФК Куманова Милано 2010, престојува на десетдневен тренинг-камп и пробен период во еден од најреномираните австриски клубови – Австрија Виена.

Алија, кој е роден на во 2012 година и потекнува од селото Оризаре, Општина Липково, во наредните десет дена ќе тренира под водство на стручниот штаб на клубот од австриската престолнина.

За време на престојот ќе има можност да ги демонстрира своите фудбалски квалитети, но и дополнително да напредува во технички, тактички и физички аспект.

 

 

Како дел од програмата, младиот фудбалер ќе учествува на повеќе тестирања и пријателски натпревари, преку кои тренерите на Австрија Виена ќе ги проценуваат неговите способности и потенцијал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бомба фрлена во двор во Куманово, за среќа не експлодирала

Пробниот период во клуб со богата традиција како Австрија Виена претставува значајна можност за развој на Леарт Алија, кој ќе има шанса да стекне драгоцено меѓународно искуство и да се докаже во силна фудбалска средина.

Никола Ивановски