Ким Џонг Ун на годишнината од примирјето: Извојувавме победа над Америка

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги посети националните воени гробишта по повод 73-годишнината од примирјето со кое заврши Корејската војна (1950-1953) и рече дека Северна Кореја извојувала победа над силите предводени од Соединетите Американски Држави, оценувајќи дека војната се водеше во одбрана на суверенитетот и мирот на земјата.

Ким ги посети Гробиштата на паднатите борци од Патриотската ослободителна војна, каде што им оддаде почит на паднатите војници и се сретна со воените ветерани, посакувајќи им добро здравје и долг живот, јавува агенцијата Јонхап, а севернокорејските медиуми објавија и фотографии од Ким со неговата сопруга Ри Сол Џу и ќерката Ким Џу Ае, кои се појавија јавно за прв пат од почетокот на јуни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Огнената стихија не стивнува: Макрон свика кризен штаб, евакуирани се 220.000 луѓе

Севернокорејскиот лидер ги посети и Гробиштата на револуционерните маченици на планината Тесонг, каде што положи цвеќе на гробовите на истакнати борци против јапонската колонијална власт и окупација во текот на првата половина на 20 век.

 

KCNA

 

Ким оцени дека нивната жртва е темел на денешна Северна Кореја.

Тој ги посети и гробиштата на кинеските доброволци во округот Хечанг, каде што се погребани 134 кинески војници, меѓу кои и Мао Анџинг, најстариот син на Мао Це Тунг.

Во таа пригода, Пјонгјанг ја нагласи важноста на пријателството меѓу Северна Кореја и Кина, засновано на заеднички социјалистички вредности, пренесува Танјуг.