Обилни врнежи (локално над 30 l/m²) ќе имаме денеска низ Македонија, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Врмето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер, електрични празнења како и услови за изолирана појава на град.
Во Полошкиот регион, во источните и североисточните делови ќе дува засилен до силен ветер кој наместа ќе достигнува брзина од 60 km/h.
Од вторник следува период на претежно стабилно и потопло време.
Никола Ивановски

