Боксирачи, пиротехника и остатоци од дрога пронајдени во дом на 18-годишник во Куманово

Сподели со своите пријатели

Остатоци од бела прашкаста материја, боксирачи и пиротехника пронашла полицијата во дом на 18-годишник од Куманово.

– На 24.07.2026, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.М.(18) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја, боксирачи и пиротехнички средства.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски