Шок во Германија: Варта поднесе барање за банкрот

Сподели со своите пријатели

Германскиот производител на батерии Varta поднесе барање за банкрот, беше потврдено во петокот, по неколку месеци финансиски тешкотии и опаѓање на деловните резултати.

Според информациите од Окружниот суд во Штутгарт, компанијата поднела четири барања за банкрот, кои ги вклучуваат и нејзините поврзани подружници.

Овој развој на настаните се случи откако акционерите на Varta, вклучувајќи го производителот на спортски автомобили Porsche и австрискиот инвеститор Михаел Тојнер, одбија да обезбедат дополнителни средства за финансирање на бизнисот.

Компанијата наведува дека главните причини за банкрот се послабата побарувачка на пазарот, неповолните движења на девизниот курс, но и губењето на еден од најважните клиенти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Венецуела се трага по уште 50.000 луѓе по земјотресот, штетата е во милијарди

Американската компанија Apple одлучи во иднина да набавува батерии CoinPower за своите слушалки AirPods од кинески добавувачи.

Според Ројтерс, Varta би можела да се реструктуира преку деловна дивизија.

Клучните доверители, вклучувајќи ја и Deutsche Bank, се заинтересирани да го преземат профитабилниот сегмент за производство на батерии за домаќинства, додека Михаел Тојнер изразил интерес за дивизијата за микробатерии.

Varta моментално вработува околу 3.200 работници, од кои повеќето работат во седиштето на компанијата во Елванген.

Последниот објавен финансиски извештај се однесува на 2024 година, кога компанијата оствари приход од околу 793 милиони евра, со нето загуба од 64,5 милиони евра.

Покрај батериите за општа потрошувачка, Varta произведува и микробатерии за слушни апарати и системи за складирање на енергија, кои претставуваат важен дел од нејзината производствена програма.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар „ја голта“ Франција: Дури 32 пожари, наредена е масовна евакуација со бродови