Во понеделник штрајк на грчките цариници, можни задржувања на граничните премини

Сподели со своите пријатели

Граѓаните кои во понеделник (27 јули) планираат да патуваат кон Грција треба да сметаат на можни задржувања на граничните премини, поради најавениот штрајк на грчките царински службеници.ѝ

Како што информира Министерството за внатрешни работи, според информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, штрајкот ќе се одржи на граничните премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).

Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време, патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути, додека товарниот сообраќај целосно ќе биде во прекин, и за влез и за излез од Република Грција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од милијарда евра доделен на Македонија

Од МВР информираат дека ќе ги преземат сите неопходни мерки за непречено функционирање на сообраќајот на македонска страна од граничните премини и дека во функција ќе бидат ставени сите расположливи човечки и технички капацитети.

Никола Ивановски