Трамп: Размислувам за напад врз Иран каков што не е виден досега

Сподели со своите пријатели

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е многу блиску до одлуката за започнување масовен напад врз Иран каков што не е виден досега.

– Размислувам за масовен напад. Поголем од кога било досега. Блиску сум до донесување одлука. Сè е подготвено за тоа – рече Трамп во интервју за Аксиос.

Заканите доаѓаат во време кога 100 ранети американски војници се префрлени во Германија на лекување, а Иран се заканува со понатамошна ескалација, вклучувајќи ги и јеменските Хути, кои би можеле да го затворат Баб ел-Мандаб и со тоа дополнително да го урнат глобалниот трговски и поморски сообраќај.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД воведоа нови санкции против девет субјекти и поединци од Куба

Цените на нафтата повторно скокнаа над симболичната граница од 100 долари за барел сурова нафта Брент, со индикации дека би можеле да одат уште повисоко.

Иако призна дека таков потег би имал сериозни последици, нагласи дека конечната одлука сè уште не е донесена.

Тој додаде и дека Израел „ќе се придружи за две минути ако го побара тоа“, но исто така рече: „Не ни треба никој“.

Новиот бран на ескалација дојде откако Хутите, поддржани од Техеран, нападнаа два саудиски танкери за нафта во Црвеното Море. Поради ова, Трамп се закани со „строга воена казна“ и против Хутите и против Иран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп воведува нови царини, на удар и ЕУ: „Навистина нема смисла“

Ројтерс објави дека Иран префрлил членови на Револуционерната гарда и воена опрема во Јемен, повикувајќи ги Хутите да го блокираат стратешки клучниот премин Баб ел-Мандеб, низ кој минува околу 12 проценти од светската трговија.

Поради нападот и прогласената блокада, бродовите веќе ги пренасочуваат своите рути, што создава дополнителен притисок врз глобалниот пазар на енергија.