Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²).
Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час.
Утринската температура ќе се движи околу осум степени, а максималната дневна се очекува да достигне 18 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и потопло време, но со слаб до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 9 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 26 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 16 до максимални 31 степен целзиусови.
Ноќта кон понеделник ќе имаме врнежи од дожд.

Почетокот на новата работна недела ќе донесе променливо време, а потоа ќе растат дневните температури.
Никола Ивановски

