Тринаесетгодишна внука од Куманово физички ја нападнала својата баба и ѝ упатувала закани со остар предмет.
– На 18.07.2026 во 21:30 часот во СВР Куманово, 72- годишна жена од Куманово пријави дека во нивниот дом, била физички нападната од нејзината 13- годишна внука, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Исто така, според пријавеното, малолетничката ѝ упатувала и закани со остар предмет на пријавителката и на други членови од семејството.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Никола Ивановски

