Бројот на жртви од двата земјотреси во Венецуела минатиот месец се зголеми на 4.829, објави претседателот на Националното собрание на таа земја, Хорхе Родригез.
Тој рече дека бројот на повредени лица во земјотресите што се случија на 24 јуни останал непроменет на 16.740, објави Ројтерс.
Родригез изјави дека 17.907 лица останале без покрив над главата.
Два силни земјотреси ја погодија Венецуела на 24 јуни – првиот земјотрес со магнитуда од 7,2 степени погоди област околу 160 километри западно од Каракас, а по 39 секунди следеше посилен земјотрес, со магнитуда од 7,5 степени.
ПРОЧИТАЈТЕ И: „БлекРок“ ја зголеми добивката за 20% и сега управува со рекордни 15,3 трилиони долари

