Земјотрес со јачина од 5,0 степени ја погоди Јапонија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди денес Јапонија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, источно од островот Хоншу, на длабочина од 11 километри.

Досега нема извештаи за повредени или материјална штета. Не е издадено предупредување за цунами.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер го погоди Перу