Иран погуби двајца осудени членови на ќелија поврзана со ИСИС

Сподели со своите пријатели

Утрово, Иран погуби двајца мажи осудени за членство во милитантна ќелија поврзана со Исламска држава (ИСИС) и вооружени дејствија против Исламската Република, објави денес ирански „Мизан“.

Како што објави оваа агенција блиска до иранското судство, Мохиудин Абдулахи и Хосеин Палани беа осудени на смрт со бесење откако пресудите против нив беа потврдени од Врховниот суд.

Двајцата беа членови на ќелија поврзана со терористичката група ИСИС, која беше формирана по распадот на структурата на групата во Ирак и Сирија, со цел обнова на организацијата и создавање несигурност во регионот.

Се наведува дека милитантната ќелија планирала напади во Иран откако дејствувала од висорамнината Бамо по должината на границата меѓу Иран и Ирак.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  27 лица загинаа, а десетици се повредени во пожар во паб во Тајлланд

Откриени и запленети се значителни количини оружје, муниција, опрема и документи поврзани со терористички активности, јавува Танјуг.