Бројот на жртви од огромниот пожар во музички бар во Бангкок, Тајланд, се искачи на 30, објавија денес властите.
Повеќе од 70 лица се во болница, од кои 24 се во критична состојба, соопштија градските власти.
Пожарот во барот „Ронг Бир На Ладпрао“ избувна доцна во неделата навечер во северниот дел на тајландската престолнина.
На пожарникарите им требаше половина час за да го стават под контрола, а тоа е најсмртоносниот пожар во градот во последните 17 години.
Пабот тврдеше дека може да прими до 600 луѓе. Не е познато колкумина биле присутни во неделата навечер.
Во тек е истрага за пожарот и дали барот ги почитувал безбедносните прописи.
Повеќето од мртвите се пронајдени заробени во бањи без прозорци каде што можеби се обиделе да избегаат од пожарот, соопшти полицијата.

