Руски дрон се урна во Молдавија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Беспилотното летало се урна и експлодираше во близина на селото Копанча во југоисточна Молдавија, откако го премина воздушниот простор на таа земја за време на, како што велат молдавските власти, руски напад врз украинската провинција Одеса.

Молдавското Министерство за надворешни работи објави дека станува збор за „сериозно и неприфатливо нарушување“ на воздушниот простор на земјата и остро го осуди инцидентот.

„Овој нов случај потврдува дека војната за агресија на Руската Федерација против Украина директно ја загрозува безбедноста на нашите граѓани и на целиот регион“, се вели во соопштението објавено на Телеграм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европа увезува рекордни количини руски гас и покрај забраната

Министерството нагласува дека Молдавија ќе продолжи да го штити својот суверенитет, независност и територијален интегритет и во соработка со меѓународните партнери ќе ја зајакне националната безбедност и отпорот на слични закани, пишува агенцијата Anadolu.

Инцидентот е последен во серијата случаи во кои беспилотни летала или проектили за време на руските напади врз Украина завршиле на територијата на соседните земји, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста во регионот.