Кумановската полиција приведе возач со над два промила алкохол

Сподели со своите пријатели

Педесет и петгодишник бил приведен викендов во Куманово откако полицијата констатирала дека управува возило со над 2 промила алкохол.

– На 12.07.2026 во 01:56 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ч.Б.(55) од село Куклица, кратовско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, п ри сообраќајна контрола полициски службеници сопреле патничко возило „венто“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки и проверки, било констатирано дека го управува под дејство на алкохол, односно дека има 2,07 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска неколку локации во Куманово

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски