Педесет и шестгодишен кумановец бил приведен откако полицијата констатирала дека возел мотор без да поседува возачка дозвола.
– На 11.07.2026 во 12:05 часот на улицата „Васко Карангелевски“ во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Т.А.(56) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола полициски службеници сопреле мопед „јадеа“ со кумановски регистарски ознаки и по преземени мерки и проверки, било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола.
– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.
Никола Ивановски

