Насади со пченица, бадеми и лешници изгореа во пожар во Старо Нагоричане (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Насади со пченица, бадеми и лешници изгореле вчера во пожар во селото Старо Нагоричане, откако претходно било запалено стрниште.

 

 

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане, пожарот избувнал во месноста Беле Грамаде.

 

 

На терен интервенирале тројца пожарникари со две возила во период од 15:15 до 16:40 часот.

 

 

Според информации од Регионалниот центар за управување со кризи, имало уште еден пожар на запалена сува трева и стрниште во истото село.

Двајца пожарникари интервенирале на терен од 18:20 до 19:45 часот.

Во моментов нема активни пожари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се подготвува масовна акција против дивите препродавачи во Куманово (ВИДЕО)

Никола Ивановски