Пукал во стан во Куманово, приведени четири лица

Сподели со своите пријатели

Четири лица биле приведени вчера во Куманово по пукање во стан, кое следувало по претходна меѓусебна расправија.

– На 08.07.2026 во 17:00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Г.А.(43) од Куманово, Ќ.М.(41), А.М.(34) и И.М.(67) сите од с.Липково, општина Липково, постапувајќи по претходна пријава дека во стан на ул.„Србо Томовиќ“ во Куманово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која Г.А. од огнено оружје, испукал неколку куршуми во воздух, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, како што додаваат од полицијата, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две лица натепале соселанец во Сув Орах

Никола Ивановски