Европската агенција за безбедност на воздухопловството (EASA) денес објави дека авиокомпаниите не треба да вршат летови во воздушниот простор на Иран и Ирак, поради тековните тензии и можноста за понатамошни воени дејствија.
Агенцијата на ЕУ објави дека нејзиниот билтен за воздушниот простор на Иран и Ирак важи до 31 август, пренесува Ројтерс.
Претходниот билтен на агенцијата, кој истекува во среда, го вклучуваше и Либан, пренесува Танјуг.
Од авиокомпаниите е побарано и да бидат внимателни кога летаат во воздушниот простор на Бахреин, Кувајт, Израел, Јордан, Катар, Оман, ОАЕ и Саудиска Арабија.

