Украина започнува заедничко производство на дронови со Естонија и Холандија

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша договор за соработка во областа на беспилотните летала „Договор за беспилотни летала“ со премиерката на Естонија Кристен Михал на маргините на самитот на лидерите на НАТО во Анкара.

„Ќе развиеме заедничко воено производство на територијата на двете земји, вклучувајќи значајни капацитети за воздушна одбрана“, напиша Зеленски на Телеграм.

Украинскиот претседател, исто така, објави на Телеграм дека го потпишал Договорот за беспилотни летала со холандскиот премиер Роб Јетен.

„Договорот ќе ни овозможи да учиме едни од други, да споделуваме иновации и заеднички да го зголемуваме производството. За посилна Украина, посилна Холандија и посилно НАТО“, напиша холандскиот премиер на социјалната мрежа X, како што објави Бета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: НАТО ќе го користи Зеленски како пинг-понг топче