Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги поддржа нападите на САД врз повеќе од 80 цели во Иран во текот на ноќта, извршени како одговор на иранските напади врз три трговски брода што минуваа низ Ормутскиот теснец.
„Мислам дека беше апсолутно неопходно, бидејќи постои примирје, а Иран очигледно го крши. Видовме што се случи вчера со нападите врз бродовите“, рече Руте денес во Анкара, на маргините на самитот на НАТО.
„Апсолутно е клучно САД да одговорат решително“, додаде тој пред консултациите на лидерите на 32-те членки на НАТО.
Во меѓувреме, Кувајт беше нападнат, додека во Бахреин утрово се огласија сирени за воздушен напад, откако иранските медиуми објавија дека иранската армија најавила одговор на американските напади.

