Најмалку 17 лица загинаа во рускиот напад синоќа, утре е ден на жалост

Сподели со своите пријатели

Во руските напади во текот на изминатата ноќ, 17 лица беа убиени во Киев, изјави денес на социјалните мрежи градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко, и го прогласи петокот за ден на жалост.

„Ова е најмасовниот напад врз Киев од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година“, објави Кличко на социјалните мрежи.

Украинските спасувачки служби објавија дека околу 90 лица се повредени и дека потрагата по преживеани под урнатините на уништените згради продолжува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија обвини Украинец за саботажа на гасоводот „Северен тек“