Сезонски прилагодената стапка на невработеност во Еврозоната изнесуваше 6,2 проценти во мај, иста како и во април, додека кај младите под 25 години е исто така стабилна на 14,7 проценти, објави денес Евростат.
Вкупниот број на невработени во еврозоната се намали за 55.000 во споредба со април, на вкупно 10,99 милиони луѓе.
На годишно ниво, бројот на невработени во еврозоната се намали за 158.000 во споредба со мај минатата година.
Стапката на невработеност кај жените во Еврозоната е 6,4 проценти, а стапката на невработеност кај мажите е 6 проценти.
Меѓу најголемите економии на Еврозоната, најниски стапки на невработеност во април се забележани во Германија 3,8 и Холандија 3,9 проценти, додека највисоки вредности се регистрирани во Шпанија 10,3 проценти, Франција 8,2 проценти и Италија 5 проценти.
На ниво на целата Европска Унија, стапката на невработеност остана непроменета на 5,9 проценти во мај, а околу 13,16 милиони луѓе моментално се невработени, според веб-страницата на Евростат.
Новите податоци за невработеноста во Еврозоната и Европската Унија ќе бидат објавени на 30 јули, пренесува Танјуг.

