Голем пожар во петрохемиска фабрика во Индија: Најмалку 20 повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 20 лица се повредени во пожар што избувна во петрохемиска фабрика во индиската држава Западен Бенгал, откако пожарот од нафтовод се прошири на околните куќи.

 

 

Најмалку 20 лица се повредени, од кои пет се во критична состојба, кога денес избувна пожар во петрохемиска фабрика во источна Индија, кој оттогаш е ставен под контрола, соопшти полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Бетмен“ во Мексико лови и врзува крадци за столбови, сега го бара полицијата

Во соопштението се вели дека пожарот избувнал во нафтовод во фабрика управувана од компанијата „Халдија Петрохемикалс“ и дека брзо се проширил на околните куќи во округот Пурба Мединипур во државата Западен Бенгал, објави АП. Се нагласува дека причината за пожарот засега е непозната.