Кумановецот Далибор Стаменковски и годинава дел од Европскиот самит за кондициони тренери

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот тренер Далибор Стаменковски и оваа година беше дел од најголемиот европски самит за кондициони тренери – ESCCA Summit, кој во Прага, Република Чешка, традиционално ги собира најреномираните стручњаци од областа на физичката подготовка и спортската наука.

Со ова, Стаменковски втора година по ред присуствува на еден од најпрестижните европски настани посветени на кондиционата подготовка, каде учесниците имаат можност да ги следат најновите светски трендови и да разменат искуства со врвни професионалци.

 

 

На самитот учествуваа тренери кои работат во реномирани европски клубови, меѓу кои Реал Мадрид, Барселона, Олимпијакос, Фенербахче, Макаби и други, што на учесниците им овозможи директна размена на искуства и запознавање со современите пристапи во подготовката на професионални спортисти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мотоциклист загина во Средорек

 

 

Во фокусот на предавањата и работилниците беа најновите методи во областа на кондиционата подготовка, спортската дијагностика, планирањето на тренажниот процес, како и подготовката на играчите пред и по натпреварите, со акцент на подобрување на перформансите и превенција од повреди.

За Стаменковски, учеството на ваков настан претставува можност за континуирано професионално усовршување и стекнување нови знаења кои ќе може да ги примени во својата работа.

 

 

Тој е кондиционен тренер на МКК Куманово и персонален тренер во фитнес центарот „Максфит“, а неговото присуство на ESCCA Summit уште еднаш ја потврдува посветеноста кон следење на најсовремените светски практики во спортската подготовка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тинејџер од кумановско возел мотор без дозвола, полицијата го привела

Никола Ивановски