25-годишник од Старо Нагоричане ја нападнал сопругата, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишник од село во општината Старо Нагоричане бил приведен по пријава дека физички ја нападнал сопругата.

– На 28.06.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(25) од село во Општина Старо Нагоричане, постапувајќи по претходна пријава дека на 27.06.2026 околу 18:30 часот физички ја нападнал неговата 26- годишна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, како што додаваат од полицијата, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 19-годишен кумановец кој возел мотор без дозвола