ЗНАМ започнува средби со граѓаните со панел дискусии и отчетни трибини

Сподели со своите пријатели

Под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија започнува серија регионални панел-дискусии и отчетни трибини, проследени со непосредни средби и отворен дијалог со граѓаните.

Во текот на месец јули ќе бидат организирани осум регионални панел-дискусии и отчетни трибини низ државата, посветени на отчетот за првите две години од мандатот на Владата и придонесот на функционерите на Движењето ЗНАМ во реализацијата на владината програма.

„Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ не е само наслов на трибините, туку и јасен израз на визијата – Македонија како модерна европска држава со силни институции, владеење на правото, професионална администрација и одговорна власт која работи во интерес на граѓаните.

Оваа иницијатива претставува дел од заложбата за отчетност и отвореност кон јавноста.

Наместо политиката да се води зад затворени врати, излегуваме пред граѓаните за да дадеме отчет за сработеното, да ги слушнеме нивнитеставови и да одговориме на сите прашања што ги засегаат.

На овие панел дискусии говорници ќе бидат сите избрани и именувани функционери од редовите на Движењето ЗНАМ, предводени од претседателотна Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски.

Во нивната работа ќе се вклучат министрите, замениците министри, државните секретари, директорите и останатите носители на јавни функцииод редовите на ЗНАМ, кои ќе дадат отчет за својата работа и ќе одговараат на сите отворени прашања од граѓаните во рамки на своите надлежности.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Топлотен бран ја зафаќа Македонија: Високи температури и во текот на ноќта

Секој од нив ќе има можност да ги презентира резултатите од својата работа, а граѓаните директно да поставуваат прашања и да добијат конкретни одговори за политиките, реформите и проектите што сереализираат во нивните области на надлежност.

Првата трибина ќе се одржи на 27 јуни во Скопје, во хотел Холидеј Ин, сопочеток во 12:30 часот.

Во рамките на настанот ќе се одржи панел-дискусија на тема „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, на која ќе учествуваат претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, генералниот секретар и министер за јавна администрација Горан Минчев ипретседавачот на Централниот одбор и министер за правда Игор Филков.

Овие регионални панел-дискусии и отчетни трибини ќе бидат можност граѓаните непосредно да се запознаат со резултатите од работењето наинституциите и придонесот на функционерите на ЗНАМ во спроведувањето на владините политики, но и да дадат свои предлози, сугестии и критики.

Веруваме дека довербата се гради преку работа, резултати и постојана отчетност пред јавноста.

Покрај активностите поврзани со регионалните трибини, Движењето ЗНАМ заНаша Македонија во наредниот период ќе реализира и сеопфатен процес на организациско зајакнување на партијата.

Во таа насока ќе започне формирањето на Клубот на жени на ЗНАМ и Клубот на млади на ЗНАМ, како важни столбови за поголема вклученост на жените и младите во политичкото дејствување и креирањето политики.

Истовремено, ќе биде спроведен процес на евалуација, координација и освежување на раководствата на општинските организации преку организирање изборни конференции во сите 53 општински организации на партијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Топлотен бран ја зафаќа Македонија: Високи температури и во текот на ноќта

Со ова дополнително ќе бидат зајакнати локалните структури, ќе се обезбеди уште подобра организациска подготвеност и ќе се создаде силна и функционална партиска мрежа подготвена да одговори на сите политичкипредизвици.

Крајната цел е Движењето ЗНАМ да биде целосно подготвено за следните парламентарни избори, кога и да се одржат, со јасна програма, силна организација и кадри кои уживаат доверба кај граѓаните.

Затоа, ги покануваме граѓаните, сите членови на ЗНАМ, медиумите, граѓанските организации и сите заинтересирани активно да се вклучат во овие отворени форуми и заеднички да разговараме за предизвиците и перспективите на Македонија.

На прес конференцијата портпаролот на партијата, Никола Мемов беше запрашан која е генералната оценка на работата на  функционерите од ЗНАМ, а особено на двата министири.

„Ние направивме анализа на работењето на нашите функционери и генералната оценка е дека се во рамките на спроведување на владината програма“.

Запрашан до каде се преговорите за владината реконструкција и дали се веќе договорени промените и ЗНАМ ќе го изгуби ресорот правда, протпаролот Мемов одговори:

„Ние имавме неколку средби на партиско лидерско ниво и преговарачкитетимови работат во континуитет. На маса се сите отворени теми. Нема конечен договор за ниту едно прашање. Очекуваме разврска кон средината на следната недела“.

На прашањето што бара за возврат ЗНАМ за да го напушти ресорот правда и дали е точно дека се тоа МВР, финансии или одбрана, Мемов рече:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Топлотен бран ја зафаќа Македонија: Високи температури и во текот на ноќта

„Пред две години Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија беше покането од страна на ВМРО-ДПМНЕ да учествува во владата со свои кадри, имајќи ги во предвид изборните резултати, но и кадровскиот потенцијал и искуство што може да го даде ЗНАМ во владата. Оттаму, ние не сме тие кои што бараа да влезат во владата.Ние бевме поканети да влеземе во владата“.

Запрашан  дали се врши анализа на работата на секој министер одделно и дали е тоа можна причина за промена или се работи за некои други фактори, Мемов рече дека во разговорите се прави анализа и евалуација на работата на сите министри и додаде:

„Ова не е испитување и оценка на министрите на ЗНАМ од страна на ВМРО-ДПМНЕ.Значи, се прави анализа на работата на сите министри во владата и генерално работата на владата и спроведувањето на владината програма. ЗНАМ во владата влезе не заради задоволување на лични амбиции и задоволување на кадровски решенија од ЗНАМ. Ние влеговме во владата поради остварувањето на програмските определби,цели и принципи на ЗНАМ кои што се составен дел на владината програма. Оценуваме дека во овој двегодишен мандат владината програма сеспроведува со интензитет и на начин кој што сме го димензионирале  на самиот почеток при влезот во владата“.

Интегрално соопштение